Тадиќ постигна гол против поранешниот клуб па доби чаша со пиво во глава

Душан Тадиќ е разочаран од однесувањето на навивачите на неговиот поранешен тим/ фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Фудбалерите на Ајакс со 3:1 славеа на гостувањето кај Гронинген во рамки на 28 коло од холандската Ередивизија, а во центарот на вниманието беше капитенот на шампионот, Душан Тадиќ кој беше погоден со чаша со пиво во главата.

Навивачите на Гронинген, клуб за кој Тадиќ играше две години му приредија пеколен пречек на српскиот репрезентативец, секој негов допир со топката беше испратен со свирежи, а потоа го погодија со часа во главата.


Имено, Тадиќ прво му асистираше на Дејви Класен за израмнување на 1:1, а потоа во седмата минута од судиското продолжение во првото полувреме, постигна гол од пенал за водство на Ајакс од 1:2.
Погодокот го прослави така што го стави прстот на устата и се сврте кон домашните навивачи и по неколку секунди беше погоден со часа со пиво во главата.

– Секогаш ќе зборувам дека Ајакс е мојот тим од соништата, но Гронинген и Твенте се мои поранешни клубови и секгаш ќе бидат во моето срце. Никогаш не сум ги славел головите против Гронинген, ниту како играч на Твенте ниту сега како член на Ајакс. Но, не заслужив ваков третман од навивачите, барем јас мислам дека така – изјави Тадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот