Коронавирус. / Фото: Архива на Слободен печат

СЗО: Во светот изминатава недела има 2,6 милиони новозаразени со коронавирус

Во светот во текот на изминатат недела се регистрирани над 2,6 милиона нови случаи на коронавирус и 57.000 смртни случаи, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Од вкупниот број на новоинфицирани, 10 проценти се регистрирани во Европа, или 372.000. Инциденцата на инфекцијата скокна за два процента, додека бројот на смртни случаи е опаднат за 10 проценти, што е најниско ниво од ноември 2020 година.

„На глобално ниво, инциденцата на Ковид-19 останува многу висока и дневно се пријавуваат над 370. 000 случаи”, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки билтен.

Од друга страна, продолжува да опаѓа бројката на умрени од болеста. Според СЗО, коронавирусот досега е идентификуван кај повеќе од 180 милиони лица, а досега умреле 3,9 милиони луѓе.

Најголемо зголемување на нови случаи е регистрирано во Африка, во источен Медитеран и Европа, додека бројката на новозаболени е намалена во регионот на западен Пацифик и југоисточна Азија.

Според СЗО, се шират видовите на вирусот што се класифицираат како „загрижувачки”. Тоа особено се однесува на алфа сојот, што беше откриен во Велика Британија, а веќе е регистриран во 172 земји, бета сојот со потекло од Јужна Африка сега циркулира во 120 земји, бразилскиот гама сој во 72, додека индискиот сој само во последната недела е проширен во уште 11 зе,мји и сега е регистриран во вкупно 96 држави од светот.

СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот