СЗО: Делта сојот полека станува доминантен во светот

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Велика Британија објави зголемување на инфекциите со делта, додека германските здравствени работници предвидуваат дека наскоро ќе стане доминантен сој во Германија, и покрај зголемувањето на бројот на вакцинирани, објави Ројтерс.

Покрај нихилизмот, Кремљ го обвини делта сојот за рекорден број ново заразени лица во Москва.

– Делта е на добар пат да стане доминантен сој во светот поради високата инфективност, рече главниот научник на СЗО, Сомја Сваминанатан.

Официјалните лица на СЗО изјавија дека Африка останува континент за загриженост, иако таму се евидентирани околу пет проценти од новите инфекции и околу два проценти од смртните случаи во светот.

Случаите двојно се зголемиле во Намибија, Сиера Леоне, Либерија и Руанда минатата недела, изјави еден од раководителите на СЗО за итни случаи, Мајк Рајан, додека пристапот до вакцините е сè уште мал.

– Траекторијата е многу, многу загрижувачка. Суровата реалност е дека во ерата на бројни многу заразни видови, оставивме голем број жители на планетата, ранливото население во Африка, незаштитени од вакцините, рече Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот