СЗО: Светот е соочен со катастрофален морален пад на дистрибуцијата на вакцини против ковид-19

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Светот е на праг на катастрофален морален пад со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ги повика државите и производителите поправедно да дистрибуираат вакцини низ целиот свет.

Тедрос предупреди дека светот е на работ на „катастрофален морален неуспех” во дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот. Тој ги повика земјите и производителите да ги споделуваат дозите поправедно низ целиот свет.

Тој верува дека изгледите за еднаква дистрибуција се „сериозен ризик” пред програмата Ковакс (COVAX) да започне со дистрибуција на вакцини следниот месец.

Тедрос истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12. Според него, нееднаквата дистрибуција може да го одложи снабдувањето на COVAX и да доведе до хаос на пазарот, некоординиран одговор и социјални и економски проблеми.

– Таквиот пристап „прв дојден, прв услужен” го остава најсиромашниот и најранливиот свет во опасност, предупреди Гебрејесус на почетокот на состанокот на Извршниот одбор на организацијата.

– На крајот на краиштата, овие активности само ќе ја продолжат пандемијата, предупреди тој.

Генералниот директор на СЗО како пример за нееднаквост посочи дека биле дадени повеќе од 39 милиони дози во 49 земји со висок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.

Како што истакна, на крајот, таквите постапки само ќе ја продолжат пандемијата. 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека светот е на работ на „катастрофален морален неуспех” во дистрибуцијата на вакцини за коронавирусот. Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите и производителите да ги споделуваат дозите поправедно низ целиот свет.

Тој верува дека изгледите за еднаква дистрибуција се „сериозен ризик” пред програмата Ковакс (COVAX) да започне со дистрибуција на вакцини следниот месец.

Тедрос истакна дека минатата година биле потпишани 44 билатерални договори, а годинава најмалку 12. Според него, нееднаквата дистрибуција може да го одложи снабдувањето на COVAX и да доведе до хаос на пазарот, некоординиран одговор и социјални и економски проблеми.

– Таквиот пристап „прв дојден, прв услужен” го остава најсиромашниот и најранливиот свет во опасност, предупреди Гебрејесус на почетокот на состанокот на Извршниот одбор на организацијата.

– На крајот на краиштата, овие активности само ќе ја продолжат пандемијата, предупреди тој.

Генералниот директор на СЗО како пример за нееднаквост посочи дека биле дадени повеќе од 39 милиони дози во 49 земји со висок приход, додека само 25 дози биле дадени во една сиромашна земја.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот