СЗО/ Фото: : EPA-EFE/ MARTIAL TREZZINI

СЗО предлага буџетски кратења по повлекувањето на САД

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ќе разговараат за делумно намалување на буџетот, за 400 милиони долари, по потегот на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД, нивниот најголем владин финансиер, се вели во документот објавен денеска.

Отворајќи го годишниот состанок на извршниот одбор на организацијата, генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека се надева и на дијалог со Соединетите држави.

Тој изјави дека СЗО е отворена за сугестии од САД и од други земји за тоа како подобро да му служи на глобалното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот