СЗО подготви список со имиња на соѕвездија по исцрпување на буквите од грчката азбука за варијантите на САРС-КоВ-2

СЗО/ фото: МИА

Кон крајот на мај, СЗО објави дека имињата на новите варијанти на САРС-КоВ-2 ќе ги користат буквите од грчката азбука. Употребата на грчки букви има за цел да помогне да се избегне практиката на именување на нови варијанти според нивното место на потекло, што според СЗО би можело да ги дискриминира земјите и териториите каде што по првпат е откриен одреден сој.

Експертката на Светската здравствена организација Марија Ван Керхове рече дека, доколку има потреба, во иднина новите варијанти на коронавирусот ќе бидат именувани по соѕвездија кога буквите од грчката азбука повеќе нема да бидат доволни.

Кон крајот на мај, СЗО објави дека имињата на новите варијанти на САРС-КоВ-2 ќе ги користат буквите од грчката азбука. Употребата на грчки букви има за цел да помогне да се избегне практиката на именување на нови варијанти според нивното место на потекло, што според СЗО би можело да ги дискриминира земјите и териториите каде што по првпат е откриен одреден сој.

– Веројатно нема да имаме доволно грчки букви, но веќе ја разгледуваме следната серија имиња, изјави Ван Керхове за Телеграф.

Експертката на СЗО рече дека во случај 24 -те букви од грчката азбука да не се доволни, се разгледувала опцијата со имињата на античките грчки богови и божици, но таа веќе е отфрлена.

– Навистина ја разгледуваме опцијата за соѕвездија … Размислувавме за имиња на грчки богови или божици, но реков: Ве молам, не ме терајте да го кажувам ова јавно, призна техничката директорка на СЗО за Ковид-19. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот