СЗО го именуваше новиот вирус: Омикрон

СЗО/ фото: МИА

Светската здравствена организација денеска одржа самит за да го потврди постоењето на нов вид на коронавирус.

Сојот досега наречен B.1.1.529 го доби името Омикрон, објави на својот Твитер експертот за епидемиологија на СЗО, Марија Ван Керхов.

Апелираме на зголемен мониторинг и тестирање. Загрижени сме поради овој вид – напиша таа.

Според Би-Би-Си, станува збор за варијанта која е откриена на 24 ноември во Јужна Африка. Сепак, Омикрон набрзо беше регистриран во Боцвана, Хонг Конг, но и во Израел и Белгија. СЗО веќе објави дека се работи за високо заразен вид кој има способност брзо да се шири. Тие веруваат дека бројот на случаи во африканските земји ќе се зголеми на краток рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот