СЗО апелира до земјите да не избрзуваат со новите ограничувања за патување

Аеродром патници
Патници од ЈАР во Париз/ Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON /POOL

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги предупреди земјите да не реагираат набрзина со воведување ограничувања за патување поради новиот вид на коронавирус Б.1.1.529 и порачаа дека треба да преземат „научен пристап заснован на проценка на ризикот“.

Состанокот зад затворени врати на експертите од Женева, свикан од СЗО, започна денеска за да се процени новиот вид на коронавирус Б.1.1.529 и да се разговара дали тој треба да се дефинира како сој кој е причина за загриженост, објасни портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

СЗО препорачува земјите да продолжат да применуваат научен пристап заснован на проценка на ризик, при спроведувањето на мерките за патување – изјави Линдмајер на брифингот на ОН во Женева.

Тој додаде дека ќе бидат потребни неколку недели за да се утврди можноста за пренесување на новиот вид и колку вакцините и терапијата се ефективни против новиот вид. Тој, исто така, истакна дека досега се пријавени 100 случаи од новиот вид, пренесува Ројтерс.

Линдмаер апелираше до луѓето да носат заштитни маски секогаш кога е можно, да избегнуваат големи собири, да ги проветруваат просториите и да се грижат за хигиената на рацете.

Директорот на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужноафриканската Република, Тулио де Оливеира, претходно им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со варијантата на ковид Б.1.1.529, за која се стравува дека најлошата варијанта на ковид е идентификувани досега.

После тоа, СЗО одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира.

Некои држави се вознемирени

Властите ширум светот се вознемирени поради новиот вид, кој беше откриен во Јужноафриканската Република, а ЕУ и Велика Британија ги зајакнаа граничните контроли во време кога научниците се обидуваат да утврдат дали оваа мутација на вирусот е отпорна на вакцините.

Според последните податоци, оваа варијанта на коронавирусот во Јужна Африка е дијагностицирана на вкупно 77 лица. Исто така, ѝ биле дијагностицирани четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг (лице кое дошло од Јужна Африка).

Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појава на новиот вид, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.

Индиските здравствени власти денеска ги ставија на подготвеност сите држави, барајќи да спроведат „ригорозен преглед и тестирање“ на патниците кои пристигнуваат од Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг, како и да ги следат и тестираат нивните контакти.

Нов Зеланд, исто така, внимателно ги следи глобалните совети за новата варијанта, а вицепремиерот Грант Робертсон вели дека новата варијанта е „вистински повик за будење за сите нас“, како и индикатор дека оваа пандемија сè уште трае.

Дали новиот вид коронавирус е најопасен досега?

Епидемиологот и технички лидер на СЗО за ковид-19 Марија ван Керков во четвртокот истакна дека се уште не се знае многу за новиот сој, но едно нешто е јасно, а тоа е дека има голем број мутации.

Овој треба да се запази, би рекол дека сме загрижени. Но, мислам дека и вие би сакале да бидам загрижена – рече таа обраќајќи им се на гледачите на настанот кој беше пренесен преку социјалните мрежи.

Детектираниот нов сој на корона претставува загриженост во Јужна Африка

СЗО свика итен состанок по најновиот сој на коронаворусот откриен во Јужна Африка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот