Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Свитолина после голема борба и три сета го освои мастерсот во Рим

Украинската тенисерка Елена Свитолина денеска ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови во финалето на мастерсот во Рим, Италија, со 6:4, 6:7. 6:2.

Гоф влезе подобро во мечот во првиот сет, уште на почетокот го одзеде сервисот на противничката, а потоа беше сигурна во својот сервис и поведе со 2:0. Свитолина возврати, беше успешна на свој сервис, а потоа дојде и до брејк за израмнување на 2:2. Сепак, Гоф повторно направи брејк на сервисот на противничката, а на свој сервис поведе со 4:2. Сепак, следуваше нов пресврт, уште поголем на Украинката која врза четири гема и го доби првиот сет со 6:4.

Свиолина продолжи во ист ритам, постојано го напаѓаше сервисот на противничката, и лесно го доби својот. На 4:4, сега сервисот на Свитолина беше загрозен од нејзината противничка. Таа доби една можност за брејк, но Украинката не ѝ дозволи на Гоф да стигне до брејк. Во следниот гем, по уште една голема борба, Гоф го добива сервисот за израмнување – 5:5.

Гоф доаѓа до нов брејк на сервисот на противничката и имаше можност со својот сервис да го одлучи вториот сет во своја корист. Сепак, Украинката влезе одлично во следниот гем и брзо стигна до три последователни шанси за брејк, ја искористи втората и така го донесе сетот до тај-брејк кој Гоф го доби со 7:3.

Противничките успеаја да освојат по два сервиса во решавачкиот трет сет. Потоа Свитолина направи брејк и стигна до предност од 3:2. Украинката потоа беше сигурна во својот сервис – 4:2. Со уште еден брејк, Свитолина стигна до големи 5:2.

Во следниот гем, Свитолина не успеа да искористи неколку меч топки. Сепак, ја искористи третата и стигна до својата трета титула во Рим, претходните две ги освои во 2017 и 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот