Светските цени на храната растат втор месец по ред

Фото: Pxhere

Светските цени на храната пораснаа втор месец по ред во април, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците, што повеќе од го компензира падот на цените на млечните производи и шеќерот.

Светскиот индекс на цените на храната за април се зголеми од мартовските 118,8 на 119,1 поен, се наведува на веб-страницата на ФАО. Вредноста на овој индекс е 7,4 отсто или за 9,6 поени пониска во однос на април 2023 година.

Во април, индексот на цените на месото се зголеми за 1,6 отсто на 116,3 поени, пред се поради повисоките цени на живината и говедското месо, а индексот на растителното масло се зголеми за 0,3 отсто на 130,9 поени и сега е највисок во последните 13 месеци, известуваат Танјуг.

Индексот на цените на житариците исто така порасна скромни 0,3 отсто на 111,2 поени. Наспроти ова, индексот на цените на млечните производи падна за 0,3 отсто на 123,7 поени, а на шеќерот за 4,4 отсто на 127,5 поени.

Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека производството во Индија и Тајланд е поголемо од очекуваното. Покрај тоа, Бразил забележа значителни врнежи од дожд на крајот на март по долг период на суша, така што одгледувачите на шеќерна трска во таа земја се пооптимисти за жетвата, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот