Светскиот вицешампион ќе го тестира Вардар

vardarfans.mk

Фудбалерите на Александар Васоски ќе одиграат вкупно пет контролни средби летово преку кои ќе се темпира формата за новата сезона.

Серијата на пријателски мечеви почнува против Дравиња од Словенија, па продолжува со хрватскиот тим Горица.

Ќе играат и против актуелниот светски вицешампион Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати кој лани во Абу Даби во финалето загуби од Реал Мадрид со 4:1.

И на крајот во два дена најпрвин ќе ги одмерат силите најпрво со Рогашка, а потоа и со Касимпаша.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

18.07 – Вардар – Дравиња (Словенија)

23.07 – Вардар – Горица (Хрватска)

27.07 – Вардар – Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)

30.07 – Вардар – Рогашка (Словенија)

31.07 – Вардар – Касимпаша (Турција)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот