Сведочење за бруталните убиства на Веља Невоља: Ги давевме, ги распарчувавме телата па во варикина или во мелница и после во Дунав

Фото: Screenshot/TVPINK.rs

Сведокот  – соработник Бојан Хрватин и член на бруталната криминална група на Вељко Беливук даде исказ дека ги извршувал задачите планирани и доделени од Беливук познат како Веља Невоља, кој на Скај апликацијата Скај го користел името Спорано и од Марко Миљковиќ, кој е наречен Кратос на таа тајна апликација.

Против овој криминален клан вчера беше поднесено обвинение напишано на над 300 страници полни со докази за најмонструозните злосторства, со кое обвинителството побара доживотна казна затвор за Беливук и Миљковиќ.

Сведокот соработник кој, и самиот призна, дека учествувал во неколку убиства за кои се обвинети членовите на оваа група, детално раскажа како се извршени злосторствата, но и како потоа биле извадени телата, а доказите  уништени.

– По секое убиство во куќата во Ритопек, мелницата за месо, како и просторијата – бункер, беа темелно измиени со солна киселина и варикина. Телата ги решававме така што ја отсекувавме главата, а потоа екстремитетите … Коските се кршат, и сето тоа се става во коритото, а потоа во машината за мелење. Сето сомелено оди во пластика, а потоа платнена кеса – ги опишува Хрватин морничавите детали.

Тој потврди дека телата на жртвите никогаш нема да се најдат бидејќи остатоците се фрлени во Дунав.

– Ги носевме вреќите до Дунав. Еден влегува во вода до половината со вреќа, една по една се носат, дното на вреќата се сече со скалпел и се се истура во реката – призна Хрватин, еден од последните уапсени членови на кланот.

Ова негово сведочење, дадено веднаш по апсењето, е составен дел од обвинението против кланот. Во одбраната што ја изнесе, Хрватин го призна своето учество во убиствата на Горан Величковиќ Гокси, Здравко Радојевиќ, Милан Љепоја и Лазар Вукичевиќ – четворица од петте жртво за кои во моментов се товарат обвинетите од оваа група.

Бруталното убиство на Милан Љепоја

Се сомнева дека Милан Љепоја бил последната жртва на кланот пред нивното апсење во февруари оваа година. Тој бил намамен да дојде на состанокот на 8 декември 2020 година, од членовите на групата кои му понудиле оклопен автомобил за продажба. Љепоја, како што се наведува, не знаел со кого оди на средба, и бил избран за жртва бидејќи Беливук и Миљковиќ се сомневале дека го организирал обидот за убиство на Радоје Звицер, нивниот шеф и водач на кавачкиот клан во Киев.

Со насмевка позираат покрај телата на убиените – српската јавност шокирана од новите фотографии од Веља Невоља

Хрватин рече дека бил испратен да оди да купи комбинезони и јакни за Ритопек.

– Кога пристигнав во Ритопек, Љепоја веќе беше во бункерот, со лисици на рацете, со рацете зад грб и видливи повреди на лицето и телото. Бункерот веќе беше нареден со најлон и на подот и на sидовите. Прво го давевме со кеса, потоа ја зедовме жицата, ја завиткавме околу вратот и ја стегавме. Едниот од една страна, а другиот од друга страна. Тоа го направивме јас и Беливук. Во еден момент ја пуштивме жицата и Вељко се приближи и со нож му го пресече вратот на Љeепоја – опиша Хрватин.

Потоа, како што пренесува Курир, детално опишал како Беливук, Марко Будимир и тој го уништиле телото и доказите.

Процедура по злосторствата

Сведок – соработник, исто така, откри дека кланот имал процедури да се ослободи од униформите и јакните после секое злосторство, били купувани пред убиствата.

– Кеси, најлони, облека, ножеви и секири … Се што се користи е изгорено на половина пат од Дунав до куќата во Ритопек. Ова е направено во дупки, така што никој не можел да го види огнот – опиша тој.

Список на обвинети

Во моментов има 31 имиња во обвинението. Обвинети се Вељко Беливук (35), Марко Миљковиќ (30), Милош Будимир (36), Марко Будимир (32), Владимир Грек (36), Милован Тадиќ (33), Филип Ивановски (29), Срѓан Лалиќ (35) , Борис Карапанџиќ (33), Немања Ѓуриќ (35), Владо Драганиќ (46), Александар Вучеjиќ (39), Дејан Тесиќ (38), Никола Стефановиќ (33), Немања Лакичевиќ (41), Никола Спасојевиќ (29), Жељко Коџиќ (41), Небојша Јанковиќ (50), Владо Георгијев (38), Слаѓана Секулиќ (39), Вук Вучиниќ (29), Марко Андриќ, Бојан Хрватин и Александар С. Сите се во притвор, освен Вучиниќ, кој се брани од слобода.

Покрај нив во обвинението се и Воислав Ѓорѓевиќ (19), Слободан Митиќ (40), Алекса Дуњиќ (24), Милош Селак Лукиќ (21), Алекса Стошиќ (22), Филип Ивановски и Мијат С. (22) кои се уапсени подоцнаТие се осомничени за киднапирање и силување, што ги извршиле по наредба на Беливук. Станува збор за непослушен „војник“ – И.С., кој сега е под заштита на полицијата и има статус на жртва.

Веља Невоља ја тресе политичката сцена во Србија: Дали Вучиќ го штител или имал други јатаци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот