Свечено затворени Параолимписките игри

Со свечена церемонија беа затворени Параолимписките игри/ фото: EPA-EFE/Joe Toth

Со свечена церемонија на Олимпискиот стадион во Токио и официјално беа затворени Параолимписките игри. На свечената церемонија присуствуваше и принцот Акишино кој е брат на царот Нарухито, а повторно не беше дозволено присуство на навивачи на стадионот.

– Многу пати помисливме дека овие Игри не можат да се одржат. Имавме многу непроспиени ноќи – изјави Ендрју Парсон, претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет.

Церемонијата на затворањето на Параолимписките игри беше одржана под насловот „Хармонична какофонија“, а организаторот оваа тема ја опиша како „свет кој е инспириран од Параолимписките игри, свет во кој разликите светат“.

На Параолимписките игри учествуваа рекорден број на спортисти,4.405 и меѓу нив беше и Оливера Наковска-Бикова која настапи во три дисциплини. Наковска-Бикова го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, во дисциплината СХ1 пиштол на 25 метри беше деветта, а најслаб резултат оствари во дисциплината малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри каде на крајот заврши на 26 место.

Идните Параолимписки игри ќе се одржат за три години во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот