ФОТО | Свадбите на познатите Македонци во 2025: Од интимни венчавки до раскошни прослави
Јавните личности годинава покажаа дека свадбата не мора да биде совршена за да биде незаборавна. Некои избраа интимни церемонии со најблиските, други големи прослави со музика, традиција и многу гости.
Препорачано
Денеска се потсетуваме на дел од познатите Македонци кои во 2025 година го изговорија судбоносното „да“ и започнаа нови животни поглавја со своите сакани.
Македонскиот пејач Филип Пецовски стапи во брак со својата сакана Марија, а нивната свадба привлече внимание поради впечатливиот стил. Тој избра модерен костум со бело палто и црна кошула, без вратоврска, додека невестата се појави во фустан без прерамки, со тул-ракави со бисери и бела шапка со превез. Неколку дена по венчавката, Филип сподели фотографии со кратката, но симболична порака: „Господин и госпоѓа Пецовски“.

Македонскиот голман Костадин Захов ја круниса љубовта со модната дизајнерка Ивана Давидовиќ од Србија. Двојката најпрво направи црковна венчавка во Соборниот храм во Скопје, а прославата продолжи во позната винарија, во друштво на гости од Македонија и Србија. Костадин избра елегантно бело палто со црни панталони, додека Ивана блесна во тантеласт фустан со гол грб и впечатливо „оверсајз“ палто со црно-бели фотографии. Атмосферата ја збогати и Ана Бекута, а во еден момент за мерак запеа и самиот младоженец.

Инфлуенсерката и сопственичка на модниот бренд „Митроф“, Љупка Митрова, се омажи за саканиот Георги со свадба на Халкидики. Во луксузен ресорт, со околу седумдесет најблиски гости, двојката направи интимна, но раскошна прослава. Љупка носеше венчаница од сопствениот бренд, креирана специјално за овој ден, а свадбата ја отвори оперскиот пејач Иван Наумовски, кој на гостите им делеше црвени рози.

Околу една година по свршувачката, Стефан Филиповски од групата „Некст тајм“ ја круниса љубовта со долгогодишната партнерка Тинеа. Двојката најпрво направи црковна венчавка во Соборниот храм во Скопје, а свадбената прослава помина во топла и весела атмосфера. Тинеа блесна во елегантна венчаница со тантела, додека Стефан избра црн костум со вратоврска пеперутка. Особен момент на вечерта беше мини концертот со кој младоженецот ги изненади гостите.

Актерот Висар Вишка стапи во втор брак со саканата Мерима. Тие направија мала и интимна венчавка во Порта Македонија, во присуство на најблиските, меѓу кои беа и нивните две деца. Невестата избра бел костум, додека Висар се појави во кежуал комбинација со црн костум и бела маичка. Радоста ја заокружија со семеен ручек во центарот на Скопје.

Членот на групата Марио Јелиќ стапи во брак со саканата Исидора, за која јавно има зборувано како за своја најголема поддршка. Двојката направи црковна венчавка, по која следеше свадбена забава со семејството, пријателите и бројни познати личности. Исидора смени две комбинации, а Марио во еден момент се фати и за микрофонот, правејќи ја вечерта уште поемотивна.

По долги години врска далеку од јавноста, Дани Димитровска се омажи за својот сакан Горан Веселиновски – Весел. Тие направија интимна венчавка, исполнета со семејна топлина, во друштво на децата. Дани избра минималистички бел аутфит со панталони и ролка без ракави, а прославата помина тивко и достоинствено.

Годината ја заокружи венчавката на голманот Столе Димитриевски, кој со саканата Ирина направи интимна граѓанска церемонија во Шпанија. Таа блесна во бел сатенски фустан со крзнена наметка, а Столе, познат по својот стил, избра црн костум со два реда копчиња.



