Сузана Манчиќ: Бев најмногу платена во историјата на српското издание на Плејбој

сузана манчиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Најпопуларната Лото девојка на просторот на поранешна Југославија, Сузана Манчиќ, прозборе за своите додворувачи и фотографирањето за насловната страница на српското издание на „Плејбој“ во 2004 година, пренесува „Информер“.

Сузана призна дека во минатото мажите биле спремни да прават секакви луди работи само за да го привлечат нејзиното внимание или, ако имале среќа, да го освојат нејзиното срце.

Сепак, како што вели, откако го запознала сегашниот сопруг, Симеон Окомокос, додворувачите се „разредиле“.

„Еден од моите додворувачи изиграваше Ромео, па се качи на балконот од мојата соба. Тоа беше навистина лудо! Се случуваше некои да заспијат во мојот лифт додека ме чекаа да се вратам дома. Многумина ми оставаа цвеќиња на автомобилот…“, изјави Сузана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

„Тоа не беа некои непознати луѓе или лудаци од улица, туку мажи со кои подоцна бев во врска, на кои им значев. Затоа избраа толку оригинални начини да ми го покажат тоа. И денес имам додворувачи, но морам да бидам искрена, многу помалку од порано, а фактот што сум мажена менува сè“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

Поранешната Лото девојка ја коментираше и нејзината фотосесија за насловната страница на српското издание на „Плејбој“ од 2004 година, која крена голема прашина во јавноста.

„Околината ме осуди, но пријателите и членовите на семејството ми рекоа дека тоа е исклучителен едиторијал. И не бев целосно гола, имаше и цвеќиња. Повеќе не би се сликала за таков магазин. Не можам да ви кажам колку заработив од тие фотографии затоа што сум должна да ја чувам таа информација во тајност. Можам само да кажам дека бев најмногу платена во историјата на српското издание на Плејбој“, изјави Сузана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот