Суспендирани две фудбалски федерации поради мешање на политиката!

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска куќа (ФИФА) денеска ги суспендираше фудбалските федерации на Пакистан и Чад, поради спорови околу нивното управување.

ФИФА ја суспендираше Пакистанската фудбалска федерација (ПФФ) за мешање со трети лица во работата на Федерацијата, а исто така и Фудбалската федерација на Чад (ФТФА) со непосреден ефект поради мешање на тамошната Влада, се вели во соопштението на ФИФА.

Група фудбалски официјални лица предводени од Ашафак Хусеин, кој беше избран од Врховниот суд во 2018 година да ја предводи ПФФ, но не беше призната од ФИФА, го презеде седиштето на Пакистанската федерација минатиот месец. ФИФА исто така го суспендираше Пакистан за мешање на трети страни во 2017 година.

Министерството за млади и спорт во Чад ги одзеде овластувањата на Федерацијата на 10 март поради загриженост за начинот на водење и нарушување на управувањето . Минатиот месец, Конфедерацијата на африканскиот фудбал го дисквалификуваше Чад од Африканскиот куп на нации поради спорови.

Суспензијата на ФТФА ќе биде укината откако ќе бидат укинати релевантните владини одлуки, а ФТФА и неговото раководство, предводени од претседателот Моктар Махамуд Хамид, потврдуваат до ФИФА дека просториите на Федерацијата се под нивна контрола.

Суспензијата значи дека земјите нема да добиваат средства од ФИФА и ќе им биде забрането официјално наддавање, додека развојните проекти исто така ќе бидат во мирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот