Супермоделот Ешли Грем роди синче

Ешли Грем се пофали на Инстаграм за новиот член на семејството.

Плус сајз моделот Ешли Грем и нејзиниот сопруг, режисерот Џастин Ервин во саботата добија син. Два дена уживаа со бебето во тајност, а потоа среќната вест ја објавијa на својот Инстаграм профил.

Грем не откри други детали за раѓањето на синчето, а не го објави ниту името на момчето.

„Во саботата во 18:00 нашите животи се променија на подобро“, објави парот.

„Ви благодрам на сите за вашта љубов и поддршка во ова неверојатно време“, се обрати Ешли кон пријателите по низа честитки.

Грем е плус сајз модел, а во текот на целата своја кариера ја истакнуваше убавината на женското тело и како жените не би требало да се срамат од својот изглед. Со тоа продолжи и во текот на бременоста објавувајќи голи фотографии на своите профили на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот