Суперлига: Вардар 1961 налета на силен отпор од РК Охрид

Жереми Тото заедно со Тимур Дибиров беа најефикасни во триумфот на Вардар 1961/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Вардар стартуваше со триумф во македонската Суперлига, откако денеска потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога против Охрид (28:26).

Скопските „црвено-црни” во СЦ „Јане Сандански“ наидоа на силен отпор на РК Охрид, кој водеше на полувреме и имаше супер игра, но на крајот пресуди искуството на Вардар за тешка, но значајна победа во трката за титулата.

Охриѓани имаа одлично прво полувреме после кое имаа минимална предност. Во првите 10 минути од дуелот Вардар имаше позитива од 3-2, а потоа започна серијата на гостите, па така во 18 минута дојдоа и до „плус два“, 6-8.

Добрата игра на Охрид продолжи и понатаму, воглавно преку грешки на вардарци противникот доаѓаше до лесни погодоци и предност. Домаќинот пред крајот на дуелот дојде и до предност од 12-11, но повторно со неколку грешки, противникот дојде до предност на полувреме од 12-13.

Во вториот дел добрата игра на Охрид продолжи, па така во 39 минута имаше противникот предност и од 16-17. Потоа вообичаено следуваше подобра игра на Вардарци, особено во одбраната, па така во 43 минута домаќинот стекнаа нова минимална предност од 20-19. Веќе во 50 минута Вардар дојде и до „плус два“ со голот на Дибиров за 24-22.

Со два гола во серија, Охрид се врати на егал 24-24 во 53 минута од дуелот. Во последните пет минути од дуелот Вардар одигра на искуство, па така славеше тешка но значајна победа со резултат 28-26.

Во победничките редови по шест голови има Тото и Дибиров, а на спротивната страна најрасположен со осум беше Николов.

На табелата Вардар 1961 има осум бодови, пред Е. Пелистер со четири, три има Е. Пелистер 2, два Бутел Скопје, еден Тиквеш, а последен Охрид без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот