Сугарески: Нема калкулации при уривањето на дивоградбите во Охрид

Ирелевантно е чии се дивоградбите, најважно е да нема селективност во постапките, истакна Сугарески.

Општините, но и Државниот инспекторат мора да постапува по донесените решенија без разлика за која општина станува збор истакна од Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ваквата негова изјава е во врска со уривањето на дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, но само во делот на Општина Охрид, а не и на струшкиот дел.

Тој повтори дека законите важат еднакво, ако постапува еден, мора да постапува и другиот градоначалник.

-Градоначалниците, општинските градежни инспекторати треба да постапуваат согласно законите. Доколку тие механизми затаат за соодветни предмети, Државниот градежен инспекторат може да постапува со поединечни акти, заради непостапување. Токму од тие причини беше направена децентрализацијата во 2005 година, за да можат општините да менаџираат. Дали ќе постапи некој или не, постојат инспекторати кои по соодветни предмети можат да интервенираат, рече Сугарески.

Министерот за транспорт и врски уште еднаш нагласи дека е ирелевантно чии се дивоградбите, нагласувајќи дека најважно е да нема селективност во постапките.

На охридскиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро и денеска продолжија активностите за уривање на дивоградби. Во присуство на инспектори се урива поголем објект, хотел на излезот од градот на стариот пат кон Струга.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот