Арон Фајперс и Дениз Ричардс / Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Судот ја удри по џеб Дениз Ричардс, мора да му плаќа на бившиот маж 5.000 долари месечно

Судот го одобри барањето на Арон Фајперс за привремена издршка од неговата отуѓена сопруга, Дениз Ричардс. На актерката ѝ е наредено да му плаќа на Фајперс 5.000 долари месечно, заедно со еднократна исплата од 30.000 долари за покривање на неговите правни трошоци во случајот за развод, објави „Пејџ сикс“.

На рочиштето во четврток, судијката Никол Бершон појасни дека 30.000 долари се за трошоците за разводот, а не за одбраната на Фајперс во посебен кривичен случај. Износот ќе се исплати на три рати, при што првата исплата од 10.000 долари треба да се плати кон крајот на март.

Судијката, исто така, ја објасни структурата на месечната исплата од 5.000 долари: 2.000 долари се за кирија на Фајперс, 1.000 долари за трошоци за автомобил, 1.000 долари за храна, а остатокот за разни трошоци. Фајперс, кој му рече на судот дека има само 200 долари на сметката, рече дека сумата „сигурно ќе му помогне“, но тој живее „ден за ден“.

Според „Калифорнија пост“, Дениз Ричардс негодувала откако била објавена одлуката дека не може да „си го дозволи тоа“. Актерката, позната по улогата во „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, објаснила дека „едвај го плаќа својот адвокат“ и дека за време на бракот со Фајперс, кој траел од 2018 до 2025 година, „потрошила сè“ што заработила.

Таа додаде дека „ништо“ не инвестирала, а нејзиниот адвокат Марк Грос посочи на „екстремно високите“ трошоци за грижа за нејзината 14-годишна ќерка Елоиз, која има ретко хромозомско нарушување кое предизвикува доцнење во развојот.

Грос, исто така, нагласи дека „жртвите на злоупотреба не треба да бидат обврзани да го поддржуваат својот насилник“, осврнувајќи се на трајната забрана за приближување што Ричардс ја доби против Фајперс во ноември 2025 година.

Во меѓувреме, Фајперс, 53, се соочува со четири кривични дела – две за напад врз сопружник и две за манипулирање со сведок со сила или закана – што тој ги негира. Неговиот адвокат истакна на сослушувањето дека Фхиперс сè уште не е осуден за ниту едно од тие обвиненија.

Поранешната двојка се раздели минатото лето, а Ричардс се огласи на Инстаграм во јануари за да се сети на „болната година“ на „ослободување и откривање на вистината“.

Дениз Ричардс повторно во конфликт со поранешниот сопруг: Актерката одбива да му даде половина од заработката на „Онлифенс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот