Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска посочи дека одлуката е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен.
Врховен суд ја укина пресудата за убиството на Ангел Петковски
Судењето против обвинетитот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на повторно одлучување.
Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот во кој со нож беше прободен младиот Ангел Петковски.
Клучниот сведок кој го виде убиството на Ангел Петковски останува непознат за органите
Обвинетитиот Ештрефи, претходно, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна што беше потврдена и од скопска Апелација.
Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.