Врховен суд ја укина пресудата за убиството на Ангел Петковски

Пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски е укината на 30-ти септември од страна на 5-член совет на Врховниот суд, објави телевизија Телма, повикувајќи се на судски извори.

Процесот според Врховниот суд треба да се врати на почеток за да се утврдат сите процесни законски можности во врска со првото судење и со доказната постапка.

Ангел Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19-ти мај 2014-та година. Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот. Тинејџерот Насер Ештрефи од општина Сарај беше осуден на 14 години затвор за убиството.

Одбраната на осудениот тврдеше дека станува збор за самоодбрана бидејќи бил нападнат од жртвата и неговиот татко кои го бркале затоа што сакал да им украде велосипед од дворот. Судот утврди дека обвинителството нашло доволно докази за убиството и за извршителот по што ја изрече казната.

Првостепената пресуда ја потврди и Апелациониот суд, но таа падна на Врховниот суд. Никогаш не беше најдено оружјето- ножот со кое беше извршено убиството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот