Судијата кој го судеше финалето на Мундијалот ќе биде главен и во финалето од Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Европската фудбалска федерација денес ги објави имињата на судиите кои ќе судат на последните натпревари во европските натпреварувања.

Манчестер Сити и Интер на 10-ти јуни во Истанбул ќе играат за најпосакуваниот трофеј, Лигата на шампионите, а денес УЕФА потврди дека главен судија на тој натпревар ќе биде Полјакот Симон Марчинијак. Марчинијак го судеше и финалето на Светското првенство во Катар како реваншот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид пред една недела.

На 42-годишниот судија ќе му помагаа неговите сонародници Павел Соколнички и Томаш Листкиевич, четврти судија ќе биде Романецот Иштван Ковач. За ВАР собата ќе бидат задолжени Томаш Квајтовски, Бартош Франковски и Марко Фриц.

Во второто по ранг европско натпреварување каде што ќе се сретнат Севилја и Рома за главен судија е назначан Ентони Тејлор.

Судијката Черли Фостер е избрана да дели правда во женското финале од Лигата на шампионите во кое силите ќе ги одмерат Барселона и Волфсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот