
Судијата кој го исклучи Белингем поминува низ пекол: Не можам да излезам од дома, заклучен сум цел ден
Од натпреварот помеѓу Осасуна и Реал Мадрид кој се играше за викендот, во центарот на вниманието е судијата Хозе Луис Мунуера Монтера.
Препорачано
Судијата на оваа средба му покажа црвен картон на Џуд Белингем поради приговор и така го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид. Монтера мораше да ги исклучи и коментарите на социјалните мрежи каде што добиваше закани по својот живот.
Навивачите посебно ги налути и информацијата дека тој е косопственик на компанијата „Talentus Sports Sepakers“ која обезбедува консултантски услуги во областа на спортот и работи со неколку спортски организации. Ла Лига поради сетоа ова отвори и истрага против него поради сомневање за потенцијален конфликт на интереси.
Монтеро сега се огласи во јавноста и призна дека овие денови не излегувал од својот дом поради заканите и нападите.
„Затворен сум дома цел ден, многу е тешко. Целата ситуација станува премногу за моето семејство, посебно за мојот 80-годишен татко. Моите родители се стари и не заслужуваат вакво нешто. Работите излегуваат од контрола, какво е ова лудило? Ваков ли фудбал создаваме? Правам сè за да го заштитам моето семејство, но тешко е, не ми оди. Судењето нема да го коментирам, ќе кажам само дека луѓето не треба да веруваат во сè што ќе прочитаат. Ние судиите исто така сме дел од фудбалот како тренерите и фудбалерите, заслужуваме почит. Луѓе сме и сите грешиме, така ќе биде додека не се најде беспрекорен робот. Греши и ВАР-от кој го воведоа клубовите, а не па ние“, изјави Монтеро.