Судиите во ПМФЛ и ВМФЛ викендов биле без грешка

Фото: ФФМ

Во редовната анализа комисијата на Фудбалската Федерација на Македонија соопшти дека судиите изминатиот викенд биле без грешка и во ПМФЛ и во ВМФЛ.

Кога во прашање е Првата лига спорни ситуации не биле забележани, додека во вториот ранг имало две и во тие судиите донеле исправни одлуки.

На натпреварот Фк.Осогово-Фк.Караорман одигран на 27.04.2024 година, анализирани се ситуациите од 63 и 87 минута.

“Главен судија: Пларент Салихи. Помошни судии: Хабиљ Ливорека и Осман Зекири. 63 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано гол за гостинската екипа, топката со целиот обем ја помина гол линија, при резултат 1:0) По исправно досуден слободен удар за екипата на гостите, гостинскаи играч директно упати удар кон голот на домакините, топката се одби од гредата и со целиот обем падна позади гол линијата и се одби во поле. Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејки топката со целиот обем ја помина гол линијата и се одби во поле. 87 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделени црвени картони за играчи од двете екипи, при резултат 1:1) По исправно досуден слободен удар за домашната екипа, настана масовна конфронтација помеѓу играчите на двете екипи, притоа се приклучија и резервни играчи од двете екипи. Исправна одлука на главниот судија, поради насилничко однесување во масовната конфронтација беа доделени два црвени картони за гостинската екипа и еден црвен картон за домакините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот