Судење на векот во Франција, 2.000 мртви поради таблети за слабеење

Фото: Профимедиа

Во Франција започна судењето за еден од најголемите здравствени скандали во оваа земја. Станува збор за случај со таблети за слабеење за кои се верува дека убиле речиси 2.000 луѓе, а на многумина им предизвикале доживотни здравствени оштетувања. Во случајот е обвинета една фармацевтска компанија и регулаторна агенција, објави „Гардијан“.

Судењето за убиство и измама на пациенти ќе се обиде да разјасни што точно се случило во француската фармацевтска индустрија. Станува збор за компанијата „Сервие“, една од најголемите и најмоќни приватни лаборатории, која е обвинета за задскривање на нуспојавите на некогаш широко распространетиот лек „медиатор“.

Освен фармацевтската компанија, пред судот ќе се најде и француската државана регулаторна агенција која се товари дека не направила доволно за да ги спречи смртните случаи и трајните оштетувања кај пациентите.

Лекот „медиатор“ се препишувал на дијабетичари и жени кои сакале да ослабнат, но и на здрави жени кои сакале да изгубат изгубат килограми бидејќи намалувал апетит.

Во периодот меѓу 1976. и 2009. година лекот е препишан на околу пет милиони луѓе, и покрај сомненијата дека предизвикува срцеви нарушувања и проблеми на белите дробови.

Министерството за здравство открило дека најмалку 500 лица кои го земале лекот „медиатор“ починале поради проблеми со срцето во Франција, а според некои проценки на лекарите се смета дека станува збор за 2000 луѓе. Голем дел од луѓето кои ги користеле овие таблети и денес живеат со срцеви проблеми.

„Сервие“ платиле 132 милиони евра отштета

Некои жени, кои биле здрави, кога започнале да го примаат овој лек, имале тешкотии при качување по скалила и добиле трајни кардиоваскуларни проблеми кои им го ограничиле секојдневното функционирање.

„Сервие“ дотогаш платиле речиси 132 милиони евра отштета. Со судењето треба да се утврди зошто лекот толку долго време бил на пазарот во Франција. Адвокатите на оштетените пациенти и на семејствата на починатите тврдат дека „Сервие“ намерно ги мамел пациентите, а властите не реагирале.

Произведувачот на лекови е обвинет дека со ова заработил најмалку милијарда евра, и дека бил запознаен со нуспојавите од лекот.

На Француската национална агенција за сигурност на лекови и се суди бидејќи не го проверила и контролирала лекот кој се нашол на пазарот. Штетноста на лекот го открила лекарката-пулмолог, Ирена Франчон, која ги проучувала здравствените картони на пациентите.

– Судењето е огромно олеснување. Конечно ќе дочекаме крај на овој скандал. Овој таканаречен лек е всушност отров – рече докторката Ирена.

Лекот не е повлечен од пазарот сѐ до 2009. година, две години откако Франчон ја информирала јавноста за своите сознанија. Таа година лекот е повлечен од Шпанија и Италија. Во Велика Британија и САД, лекот никогаш не добил дозвола за продажба.

Едно од најголемите судења во Франција

Во обвинението долго 677 странци стои дека „Сервие“ се одговорни за долгорочна измама бидејќи „намерно ги сокривале карактеристиките на лекот“, како и дека ги сокривале медицинските студии кои биле негативни.

Овој скандал ја тресе Франција повеќе од една деценија и предизвика политичка расправа за регулативите за лековите и моќта за лобирање на фармацевтските компании во земјата. Франција е една од земјите во Европа во која има најмногу корисници на лекови.

Во случајот е обвинето 21. лице, а од другата страна има повеќе од 2600 оштетени особи, поради што се предвидува дека судењето ќе треае шест месеци, како едно од најголемите во последните неколку децении.

Потребни беа повеќе од десет години случајот да стигне до судот.

– Фактот дека судењето конечно почнува, само по себе е еден вид на победа за жртвите – рече адвокатот Чарлс Џозеф-Оудин, кој застапува 250 оштетени.

Од компанијата „Сервие“ бранат дека не лажеле за ефектите на лечење и се надеваат дека ќе покажат дека не делувале во спротива на интересите на пациентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот