СУДЕЊЕ КАКО ВО КОМЕДИЈА: Во француски град обвинет петел

петел

Во градот Рошфор во југоисточна Франција, денеска започна необично судење на петел и неговата сопственичка, поради преголема бучава од неговото утринско пеење, јавуваат француските медиуми.

Сопственичката Корин Фесо во изјава за медиумите кажала дека ако петелот Морис умеел да зборува, сигурно би рекол: „Оставете ме на мира и пуштете ме да си пејам“.

Иако Морис не се појавил во судот, пред судницата протестирале неговите поддржувачи, односно одгледувачи на живина кои дошле со петли во знак на поддршка.

Одлуката ќе биде донесена на 5 септември, а дотогаш судијата оставил простор за принципиелно помирување. Доколку тоа не се случи, судскиот процес во кој соседите ја пријавиле Корин и нејзиниот петел за бучава, продолжува и понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот