Студија: Коронавирусот можно е да го оштетува нервниот систем

Фото: Профимедиа

Британските научници денеска во списанието „Мозок” (Brain) објавија студија за компликациите забележани кај повеќе од 40 пациети заболени од Ковид-19 во Велика Британија, што варира од запаление на мозокот и делириум до оштетување на нервите и мозочен удар.

Тие тврдат дека во некои случаи неуролошките проблеми биле прв и главен симптом на новиот коронавирус.

Авторите на студијата открија и пораст на акутниот демијалинизарички енецефаломијелитис (АДЕМ), болест опасна по живот, по првиот бран од пандемијата што ја зафати Велика Британија. Пред пандемијата, во рок од еден месец беше забележан еден таков случај, додека во април и мај, на неделно ниво беа регистрирани два до три заболени од АДЕМ.

Студијата покажува дека воспаление на централниот нервен систем имале 12 пациенти заразени со Ковид-19, болести на мозокот со делириум или психози имале десетмина, додека осум лица имале мозочен удар, а ист број пациенти имаче проблеми со периферниот нервен систем, воглавно Гилен-Бареов синдром, автоимуна болест што ги напаѓа нервите и предизвикува парализа, а во пет отсто од случаите предизвикува и смрт.

Мајк Занди, лидер на тимот што го спроведе истражувањето, тврди дека начинот на кој новиот коронавирус го напаѓа мозокот не е забележан претходно кај другите вируси.

Тој изрази загриженост бидејќи новиот коронавирус може да доведе до помало оштетување на мозокот кај помал дел од популацијата, што би било видливо во следните години.

Ковид-19 кај некои оздравени пациенти остави долгорочни последици, како што е задишување, замор, вкочанетост на мускулите, слабост и проблеми со помнењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот