Студиите покажаа: Лекот за коронавирус на Трамп е бескорисен

Трамп: Ова се моите докази, добив многу позитивни пораки за овој третман!

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека веќе „една недела“ зема хидроксихлорокин како профилакса, односно превентива против Ковид – 19, иако тој не е позитивен на новиот коронавирус.

Станува збор за лек против маларија кој веќе два месеци Трамп жестоко го препорачува како чудотворен лек за корона вирус сам или заедно во комбинација со азитромицин, антибиотик кој е изум на хрватската компанија Плива, а кој кај нас се наоѓа под името „Сумамед“.

Првата студија за хидроксихлорокинот како терапија за Ковид – 19 е спроведена во март во Франција и истата е објавена во списанието „Journal of Antimicrobial Agents“, и истата даде ветувачки резултати. Во експериментална група од заболени лица кои земале двојна терапија хлороксихлоринот и азитромицинот на шестиот ден од лечењето дала резултат според кој никој повеќе не бил позитивен на корона вирусот.

Трамп во март: Ништо нема да изгубите! Земете го!

Трамп поради оваа студија терапијата ни помалку ни повеќе ја нарече „еден од најголемите напредоци во историјата на медицината“. Но тоа беше само почеток. Што ќе изгубите? Земајте го, им порача на инфицираните од корона вирусот на една од своите прес – конференции за Ковид – 19.

Американската агенција за лекови и храна, ФДА, очигледно под притисок од Трамп, издаде одобрување за користење на овој лек, кој тој го нарече „божји дар“. Сепак, ФДА потоа издаде и предупредување дека овој лек не се користи како терапија во болниците како ни под лекарски надзор, како поради недостатокот така и поради познатите контраефекти и нуспојави, вклучувајќи и срцева аритмија.

Секако, Трамп подоцна на големо се надмина себе си зборувајќи за методите на лечење со УВ зраци и за тоа како истите би можеле да се внесат во телото или за дезинфекциски средства кои би можеле да се внесат во белите дробови на заболените со помош на инјекција или чистење.

Но многу брзо стана јасно дека учинокот на овој лек беше, како што вообичаено се вели, предобар за да биде вистинит.

Студијата која утврди дека Хидроксихлорокинот делува беше „целосно промашување“

Таа, меѓутоа, брзо беше изложена на критики поради методологијата на испитување и точноста на резултатите. Не само што беше спроведена врз мал број пациенти истата не помина ниту стручна рецензија, а голем број од учесниците имале благи симптоми на Ковид – 19 и по неговото користење.

Но и покрај тоа, кај одреден број пациенти кај кои состојбата значително се влошила токму поради оваа терапија па тоа беше причина за негово целосно исфрлање од експерименталните групи.

Поради тоа и француското здружение кое го издава списанието во кое беше објавена оваа студија во април соопшти дека истата се ревидира и да се направи „вистинска научна евиденција“.

– Студијата беше потполно промашување, рече за „Си Ен Ен“ Кевин Трејси, претседателот на институтот „Феинштеин“ за медицинско истражување во Њу Јорк.

Веројатно тоа беше и дел од причините на реномираниот американски имунолог и водечки член на работната група во Белата куќа за корона вирусот, др. Ентони Фаучи што му се спротистави на Трамп и неговите тврдења и предупреди дека се уште нема вистински докази дека овој лек сам или во комбинација со азитромицин лечи од корона вирус. Во Белата куќа поради ова  наводно дошло и до расправии меѓу Фаучи и Трамповите приврзаници.

Најмалку уште пет идни студии потоа утврдија дека „лекот на Трамп“ не делува. Со тоа се потврди дека бизарниот оптимизам на Трамп бил предвремен и нетемелен.

Трамп: Ова се моите докази, добив многу позитивни пораки за овој третман

Втората студија е спроведена на над 1.376 пациенти во една њујоршка болница  и објавена во списанието „New England Journal od Medicine“. Заклучокот беше подеднакво обесхрабрувачки. Резултатите „во моментов не поддржуваат користење на хидроксихлорокин“, освен во клинички студии.

73.годишниот Трамп, меѓутоа, не и порача на американската јавност дека во светот на новите докази, повеќе не се препорачува овој лек. Наместо тоа, како што сам призна, и самиот почнал да го пие.

– Ова се моите докази: Добив многу позитивни пораки за него, одговори на прашање на новинарите. Додаде и дека се консултирал со лекарите во Белата куќа дали е во ред да го зема овој лек, на што му одговориле: „Доколку вие тоа го сакате.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот