Струмичка гимназија им забрани на учениците да носат искинати панталони, кратки здолништа, пирсеви, долги нокти…

Фото: Фејсбук/ СОУ „Јане Сандански“ - Струмица

По средното општинско училиште Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп кое пред две недели донесе и објави правилник за надворешниот изглед на учениците во гимназијата, на иницијативата се приклучи и средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица.

Според донесените правила забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, кратки панталони, маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки здолништа. Исто така на учениците им е забрането да носат пирсеви и долги нокти.

Пред две недели прилепската гимназија Мирче Ацев донесе и објави правилник за надворешниот изглед на учениците во гимназијата. Покрај забраната да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони и маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки здолништа, девојките треба да бидат со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а машките без долга коса, репче и брада.

Прилепската гимназија им забрани на учениците да носат искинати фармерки, пирсеви и кратки сукњи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот