Струга во финишот ја наполни мрежата на Башкими за убедлив триумф
Екипата на Струга трим Лум во последниот натпревр од 28-то коло во ПМФЛ славеше убедлив поеда над Башкими 4-0.
Препорачано
Клучниот момент на натпреварот се случи во 36. минута, кога домашниот фудбалер Хасан заработи директен црвен картон. Во ситуација со играч повеќе, стружани ја презедоа целосно контролата и тоа го крунисаа со еден погодок во првото и уште три во второто полувреме.
Иако конечниот резултат е убедлив, Башкими имаше свои шанси на стартот од средбата. Алими се закани уште во 6. минута, но од тешка позиција не успеа да го совлада Јашар, а три минути подоцна повторно беше во фокусот, овојпат со прецизен удар кој го одбрани Ангелети.
Домашните продолжија со притисокот, па во 16. минута Пановски одлично продре по десната страна и асистираше до Ор, кој шутираше од непосредна близина, но Ангелети повторно беше на висина на задачата. Голманот на Струга ТЛ блесна и во 29. минута, кога го запре и обидот на Аворнијо.
Сепак, исклучувањето на Хасан целосно го смени текот на натпреварот, откако беше санкциониран по стартот врз Малески во момент кога напаѓачот на гостите беше во изгледна позиција.
Струга ТЛ ја искористи бројчаната предност и поведе во судиското надополнување на првото полувреме. Воша центрираше од десната страна, а Компаоре со глава ја затресе мрежата на Јашар за 0-1, најавувајќи ја убедливата победа на својот тим.
Во продолжение и со играч повеќе Башкими одолеваше е до финишот кога Компаоре во 80-тата минута се погрижи за 2-0, а до крајот Малески и Илиевски стрелаа за конечни 4-0.
Работнички го победи Арсими и освои важни бодови во битката опстанок


