Брера во завршницата од сезоната остана без тренер
Струмичка Брера влегува во самата завршница од сезоната без шефот на стручниот штаб, откако Мартин Алаѓозовски денеска одлучи да се повлече од тренерската функција.
Препорачано
Тимот се соочува со сериозна резултатска криза и во последните осум натпревари има само една победа, што го остави на осмата позиција со 33 освоени бодови. Тоа место носи неизвесен бараж за опстанок во Првата лига, а ситуацијата дополнително ја отежнува фактот што Арсими, како прв тим над опасната зона, има два бода повеќе на пет кола пред крајот.
Од клубот се заблагодарија за ангажманот на досегашниот стратег, потенцирајќи ја неговата улога во тежок период за тимот.
„Во еден од најтешките периоди за клубот, Мартин покажа карактер, посветеност и професионализам. Остави длабока трага во тимот и секогаш ќе биде дел од нашата приказна“, соопштија од Брера.
До крајот на првенството, главниот фокус на струмичани ќе биде обезбедување опстанок во елитното друштво, задача која воопшто нема да биде лесна со оглед на моменталната форма и бодовната разлика.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


