Фото: ГРК Охрид

Стрмљан пред реваншот со Татабања: Се надевам дека со поддршката од навивачите можеме да успееме

В недела, 31 мај, со почеток од 20.00 во салата „Билјанини Извори“ ќе се игра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометарите на Охрид и Татабања.

На првиот меч одигран во Унгарија, играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ триумфираа минимално со 29:28.

– Во недела нѐ очекува последниот и најважен натпревар оваа година. Го играме реваншот против Татабања за која сите знаеме за каква екипа станува збор, навистина силен тим. Ние добро ќе се подготвиме, противникот е фаворит од стартот на натпреварувањето, ние ќе го најдоброто од себе и се надевам дека со поддршката од нашата публика дека можеме да успееме и да се избориме за историја за овој клуб – рече играчот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.

Судии на возвратниот дуел во Охрид ќе бидат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото од Португалија, а ЕХФ делегати се Јири Опава од Чешка и Предраг Бошковиќ од Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот