Страв меѓу компаниите во Германија: Една петтина сметаат дека корона-кризата е закана за нивниот опстанокот

Фото: EPA-EFE/ADAM BERRY

Речиси една петтина од сите компании во Германија веруваат дека кризата со пандемијата на ковид-19 е закана за нивниот опстанок, покажува најновото истражување на ИФО институтот за деловна клима.

Според истражувањето во февруари, 18,7 отсто од компаниите соопштиле дека се егзистенцијално загрозени. Нивниот процент во ноември минатата година изнесуваше 17,6, додека во мај 2020 година беше 21,8 отсто.

– Меѓу најголемите економски сектори, малопродажбата води во проценка на ризикот во февруари, каде што 34,5 проценти од компаниите изразија стравување дека може да не преживеат, проследено со даватели на услуги со 26,3 отсто, изјави раководител на секторот за истражување на Институтот, Клаус Волрабе.

Секторите во кои бројот на компании кои се чувствуваат ранливи се под просекот беа во трговијата на големо – 12,8 проценти, производство – 7,5 отсто и градежништво со 3,6 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот