преполовено возило фото: МВР Хрватска

Страшен судир на хрватските патишта: Се „преполови“ возило со српски таблички, дете е тешко повредено

Вчера околу 11:25 часот на неасфалтираниот пат помеѓу Привлака и Винковци, Хрватска, 63-годишен возач на автомобил со српски национални ознаки ја изгубил контролата врз возилото поради несоодветна брзина по излегувањето од кривината. Автомобилот скршнал и преминал на спротивната сообраќајна лента, објавија хрватските и српските медиуми..

Во тој момент, од спротивната насока се приближувал патнички автомобил со ѓаковски регистарски таблички, управуван од 44-годишен маж.

Дошло до фронтален судир, а силата на ударот била толку голема што автомобилот со српски таблички се распаднал, при што предниот и задниот дел од возилото се одвоиле.

Во несреќата тешко повредени се 63-годишниот возач и едно дете, додека 44-годишниот возач и тројца патници од неговото возило – 42-годишна жена, 63-годишна жена и дете – се здобиле со полесни повреди.

Против 63-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежниот државен обвинител за предизвикување сообраќајна несреќа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот