Страотни се деталите од масакрот во САД: Таткото ги убил своите седум деца и уште едно, тешко ја ранил сопругата
Полицијата во Шривпорт во американската држава Луизијана го идентификуваше злосторникот кој вчера уби осум деца како Шамар Елкинс, 31-годишен жител на градот. Тој им бил татко на седум од децата. Во крвавите напади со огнено оружје на три локации, Елкинс исто така ранил едно 13-годишно момче, а тешко се ранети и неговата сопруга и уште една жена, пренесуваат американските медиуми .
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Елкинс, според извештајот на локалната полиција, убил осум деца, од кои седум биле негови. Најмладата жртва била Џејла Елкинс (3), а ги убил и Шејла Елкинс (5), Кајла Пју (6), Лејла Пју (7), Маркејдон Пју (10), Сарија Сноу (11), Кедарион Сноу (6) и Брејлон Сноу (5).
Тринаесетгодишно момче, чие име не е откриено, исто така е повредено, како и две жени, од кои едната е сопругата на убиецот.
Според полицијата, Елкинс прво сериозно ја повредил сопругата, а потоа отишол на друга адреса каде што ги убил децата и сериозно го повредил жената која била со нив. Таа е во критична состојба.
Елкинс претходно бил уапсен за нелегално поседување огнено оружје, кога му нашле пиштол со кој учествувал во инцидент со пукање.
Ова е најсмртоносното масовно пукање во Соединетите Американски Држави (САД) од јануари 2024 година, а дури и 114-то масовно пукање оваа година во Америка.


