Фото: Јутјуб / принтскрин

ВИДЕО | Ужас во Америка — злосторник уби осум деца во серија крвави напади

Морничава трагедија ја потресе американската држава Луизијана – во градот Шривпорт осум деца го загубија животот во масовно пукање што се случило за време на семеен инцидент. Полицијата била повикана на интервенција кратко по 6 часот наутро, каде што затекнале вистински хорор распореден на три различни локации, пренесуваар локалните медиуми.

Фото: Јутјуб / принтскрин

Според полицискиот портпарол Кристофер Борделон, нападот се одвивал во три посебни домови. Вкупно десет лица биле цел на нападот, при што осум од нив им подлегнале на повредите. Станува збор за исклучително млади жртви, на возраст од само една до 14 години. Едно од децата успеало да избега по пукањето и им помогнало на полицајците побрзо да го реконструираат настанот.

По крвавиот пир, осомничениот украл автомобил и побегнал од местото на последното злосторство, а полицијата се впуштила во интензивна потера. Тие го следеле до соседниот град, каде тој бил опколен и смртно застрелан.

Надлежните служби сè уште работат на утврдување на мотивите за овој незапаметен чин на насилство што ја зави Шривпорт во црно.

Полицијата не го откри идентитетот на убиецот и на жртвите, но според нејзините првични сознанија, дел од убиените деца биле дел од неговото семејство.

Трамп можеби е сенилен, а можеби само не му е гајле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот