Страотна сообраќајка на Булеварот „Јане Сандански“ (ФОТО)

Во текот на ноќта возило со скопски регистерски таблици на Булеварот „Јане Сандански“ изгубило контрола, при што удрило во жардињери.

Неофицијално станува збор за возачка која се здобила со повреди, при што е пренесена на скопски клиники.

Увидот е извршен уште синоќа, полицијата го обезбедува местото на незгодата, па поради тоа на булеварот може да се забележи поголема гужва на возила, при што е отежнат сообраќајот. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот