Песочна бура во Ирак/ ФотоEPA-EFE/AHMED JALIL

Стотици Ирачани хоспитализирани поради густата песочна бура која ја покри земјата

Стотици Ирачани се префрлени во болниците поради проблеми со дишењето, а аеродромот во Багдад ги прекина летовите на неколку часа поради густата песочна бура која ја покри земјата, петта што го зафати Ирак во рок од еден месец, пренесува Гардијан.

Ирачките државни медиуми соопштија дека повеќето пациенти имале респираторни проблеми додека клиниките низ северниот и западниот дел на земјата се мачеле да го следат приливот на пациенти. Властите ги повикаа граѓаните да останат дома.

Летовите кои требале да полетаат во текот на ноќта и утрово се одложени.

ВИДЕО: Песочна бура го „проголта“ Багдад, градот е обоен во портокалово

Не е се до климатските промени

Ирак е подложен на сезонски песочни бури, еден вид бура со прашина во пустинските области, но експертите и официјалните лица алармираат поради нивната фреквенција во последниве години, за која велат дека се влошува со рекордно ниските врнежи, опустинувањето и климатските промени.

Сепак, Азам Алваш, шеф на непрофитната организација Nature Iraq, предупреди дека „само климатските промени не ја даваат целата слика“ и дека несоодветните земјоделски практики и лошото управување со водните ресурси придонеле за проблемите.

„Климатските промени станаа многу удобен изговор за службениците да ја избегнат одговорноста што не преземале акција во последните 20 до 40 години“, рече тој.

Опустинувањето, како резултат на старите практики на наводнување кои датираат од сумерското доба, и зголемената соленост на водата се исто така фактори, рече тој. „Ова се политички прашања“.

Светската банка предупреди дека Ирак може да претрпи пад на водните ресурси за 20 отсто до 2050 година.

Иса ал Фајад, официјален претставник на Министерството за животна средина, рече дека Ирак може да се соочи со 272 дена песочни бури годишно во наредните децении.

Песочна бура во Ирак/ Фото EPA-EFE/AHMED JALIL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот