„Стоп за урбаната мафија“: Жителите на Ѓорче Петров излегоа на протест против изградбата на седумнаесеткатница

Неколку стотина жители на населбата Дексион во општина Ѓорче Петров денеска ја блокираа главната сообраќајница во општината во знак на протест против изградбата на седумнаесеткатница во местото Јурија.

Демонстрантите ја блокираа улицата и со своите автомобили, а носеа и банери каде пишуваше „стоп за урбаната мафија“.

Тие се незадоволни бидејќи одговорните во општината две недели не им одговориле на барањата и најавија дека протестите ќе се одржуваат се додека не се прифатат нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот