Стоп за фудбалот и во Белгија

Белгиската влада ги стопира сите спортски настани до 31. јули и стана трета европска земја по Франција и Холандија со ваква одлука.

Премиерката на Белгија, Софи Вилмес денеска објави дека сите спортски натпреварувања во државата се суспендирани до 31. јули поради пандемијата на коронавирусот.

Белгиската Жупилер лига веднаш соошти дека ќе ја почитува одлуката на Владата со што се зголемува неизвесноста околу одлуката како да заврши лигата.

Минатиот месец, Жупилер лигата донесе одлука да го заврши првенството и го прогласи Бриж за шампион, но по притисокот и заканите од УЕФА дека ниту една белгиска екипа нема да игра во европските натпреварувања доколку не се доигра лигата доколку има услови за такво нешто, тие се премислија.

Сега повторно се најавува дека ќе ги следат упатствата на Владата.

„Предлозите на работната група ќе им бидат претставени на клубовите на генералното собрание на 15 мај“, стои во соопштението на Жупилер лигата.

Во Белгија досега се одиграни 29. кола, а лидер на табелата е Бриж со 15 бода повеќе од второпласираниот Гент. Доколку предлогот на Жупилер лигата кој гласи да се важи актуелниот пласман на табелата, Бриж ќе биде прогласен за шампион и во наредната сезона ќе игра во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот