Столтенберг: НАТО се подготвува за подолгорочно воено присуство во Источна Европа
НАТО размислува за подолгорочно воено присуство во Источна Европа за да ја зајакне својата одбрана, изјави во понеделникот генералниот секретар Јенс Столтенберг, бидејќи тензиите остануваат високи поради военото засилување на Русија во близина на Украина, пренесува Ројтерс.
Препорачано
„Размислуваме за повеќе подолготрајни прилагодувања на нашето присуство во источниот дел на алијансата. Не е донесена конечна одлука за тоа, но сега се одвива процес во рамките на НАТО“, им рече тој на новинарите во Брисел.
Министрите за одбрана на НАТО се очекува да разговараат за засилувањата на нивниот следен состанок на 16-17 февруари. Западните влади ја повикаа Москва да ги повлече војниците од границите на Украина.
„Ако Русија навистина сака помалку НАТО сили во близина на границите, тие треба да се повлечат“, рече Столтенберг на прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Од Балтикот до Црното Море, распоредувањата на трупите на НАТО беа намерно лесни, велат официјалните лица, за да се обидат да одвратат, но и да не предизвикаат понатамошна руска агресија. Унгарија и Словачка беа спомнати од западните претставници како потенцијални домаќини на трупите на НАТО, иако не се донесени никакви одлуки.
НАТО размислува да ги засили сојузничките сили доколку руските трупи останат во Белорусија


