Стојановски: Енергетската заедница забранува да се даваат било какви државни субвенции во енергетскиот сектор

Државната помош која Владата ја даде на компанијата ТЕ-ТО која прогласи стечај, а истовремено прави огромни милионски профити годишно, една тотално контрадикторна ситуација ќе биде обжалена пред Енергетската заедница.

-Енергетската заедница на својата интенет страница на 7.02.2020 соопшти дека објавува прелиминарни истражувања во кои што се објавени истражувања и анализи од директни и скриени државни институции во енергетскиот сектор. Претежно студијата е направена околу прозиводството со јаглен во термоцентралите, затоа што претежно тие шест држави што се опфатени, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Украина, производството претежно им се базира и на јаглен, но што е важно во ова-изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Ивица Стојановски, член на надзорниот одбор на Топлификација.

Имено, Секретарјатот на Енергетската заедница, вели Стојановски,  објави дека им наложил на овие шест држави своите правни регулативи да ги усогласат со регулативите кои што важат во овој сектор, односно изречито се забранува да се даваат било какви државни субвенции во енергетскиот сектор, бидејќи тоа ја нарушува конкурентноста и прекуграничната трговија со енергенси и со тоа се фаворизираат одредени реагенси.

Дури за ова се известени, не само овие шест држави, туку и многу повисоко тело, односно Генералната управа на европската комисија за конкурентност- изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Ивица Стојановски, член на надзорниот одбор на Топлификација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот