Стојаноски: За пензија, маж ќе стане жена, па по две години пак ќе стане маж

Сметам дека е несоодветно вака широка материја за која постојат меѓународни стандарди да се регулира само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта, без притоа да се даде одговор на сите оние прашања кои произлегуваат како одговор на вака дефинирано законско решение, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за матична евиденција.

-Ако само со изјава на нотар и со фотокопија од лична карта може да се промени полот, тогаш што ќе се случи со одењето во пензија, учеството во спортски натпревари, кандидатурите во политиката каде е задолжителен родов баланс на листите, добивање на права од спротивен пол? Што ако маж се декларира за жена за порано да оствари право на пензија, а потоа пак, се декларира како маж? За ваков закон треба широка јавна дебата, да се слушнат различни ставови како и мислењата на експерти. Ова е обид за дефокус – Стојаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот