Фото: ФК Пелистер

Стојаноски: Пелистер нема да го потцени Башкими

Откако ја стартуваа пролетната полусезона со убедлива победа над Работнички, играчите на битолски Пелистер одат во Куманово на мегдан со Башкими (денеска, 14.00 часот) во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот на ФК Пелистер, Милан Стојаноски дојде на клупата на „зелените“ во средина од есенскиот дел на сезоната, но сепак знае дека новиот прволигаш славеше во Битола со 2:1.

– За нас нема различни натпревари, сметам дека со секоја екипа можеме да играме и да се надигруваме, но секако тоа не значи помалку респект за оние на чело од табелата. Башкими е тим кој јас го гледам како ист ранг со нас, па затоа често повторувам дека оној кој повеќе ја посакува победата може да направи разлика. Тие победија есеноска во Битола и на отворањето на пролетниот дел имаа солидно издание во Кратово, каде што играа 0:0 со Силекс. Иако теренот беше катастрофален, тие покажаа дека се цврст тим и ние нема да ги потцениме – рече Стојаноски.

Башкими во моментов има 23 бода и после водечките четири е петти клуб со најмалку порази во ПМФЛ за досегашниот дел од сезоната. Пелистер во овој меч влегува со желба да го збогати своето бодовно салдо, бидејќи досега освоените 19 бода го пласираат на десетто место, четири позиции зад Башкими, па борбата за опстанок продолжува.

– Добро го анализиравме противникот, знаеме кои се неговите силни страни кои треба да ги неутрализираме, како и кои на кои позиции треба да бидеме посупериорни ако сакаме да им создадеме проблеми. Но, многу ќе зависи и од нивниот пристап, колку тие ќе ни дозволат да го играме она што го посакуваме, а не би ги исклучил и временските услови кои можат да се појават како фактор во овој дел од годината. Но, ќе биде исто за двата клуба, па затоа од моите фудбалери ќе барам целосен респект и да покажат дека сакаат триумф – вели Стојаноски.

Во досегашната историја, овие два клуба играле седум натпревари во ПМФЛ, каде што Башкими има три победи, наспроти една нерешена и три победи на Пелистер. Битолчани се поуспешни во дуелите кога играле против Башкими во Втората лига, при што победиле два пати во исто толку натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот