Фото: Wikimedia Commons

Стјуардеса ја откри тајната шифра што ја користат за згодните патници: Еве што значи таа!

Сите ние понекогаш користиме тајни знаци за да пренесеме порака што ја разбираат само упатените – без разлика дали станува збор за суптилно намигнување кон пријател или дискретен удар под масата.

А, дали знаевте дека и кабинскиот персонал во авионите има свој таен јазик?

Една стјуардеса открила како членовите на екипажот дискретно се предупредуваат кога меѓу патниците ќе забележат некој особено привлечен – и сè се сведува на само еден збор, пишува „Дејли мејл“.

Стјуардесата, која сакала да остане анонимна, објаснила за порталот „eShores“:

„Ако слушнете некого да го викаат Боб, тоа е всушност кратенка од „babe on board“ (згодна личност во авионот), што значи дека станува збор за привлечен патник или патничка.“

Но, тоа не е единствениот сигнал.

„Ако стјуардесата ве поздрави со ‘cheerio’ при излегување од авионот, тоа исто така може да биде код со кој дискретно ви дава до знаење дека тајно ѝ се допаѓате“, додала таа смеејќи се.

Таа, исто така, открила и што се случува кога некој ќе го привлече вниманието на екипажот:

„Секогаш трчаме во кујната и им кажуваме на другите каде седи тој згоден патник“, признала таа. „Ќе бидеме особено љубезни кон нив, а можеби дури ќе им порадиме и нешто бесплатно. Можам да потврдам дека телефонски броеви понекогаш се пронајдени и на салфетки!“.

Од ангели до сирени: Значењата на другите шифри

Секако, не сите кодови се поврзани за симпатии. Екипажот во кабината користи различни изрази за да комуницираат едни со други во текот на летот. На пример, „сирена“ се однесува на патник кој намерно се раширува над празните седишта за да ги спречи другите да седнат до него.

Од друга страна, ознаките како код „300“ или „ангел“ имаат многу посериозно значење – тие се користат кога некој починал во текот на летот. Постои и кратенката ABP (able-bodied passenger), што значи способни патници на кои екипажот може да смета во случај на вонредна состојба.

Внимавајте ако ве наречат Филип

Постојат и кодови за патници кои го нервираат персоналот. Еден од попознатите е Gate Lice („вошка на излезот“), што се однесува на оние кои се собираат околу портата за качување долго пред нивниот ред, честопати блокирајќи го преминот на патниците од првата и бизнис класата.

Ако, пак, слушнете дека некој да ве нарекува ВИП, немојте премногу да се израдувате – меѓу персоналот, тоа често значи „многу иритирачка личност“ (Very Irritating Person).

Сепак, најлошиот прекар што можете да го добиете е Филип. Еден вработен во авиокомпанијата објаснил дека тој назив доаѓа од изразот PILP (Passenger I’d Like to Punch, односно во превод патник што би сакал да го удрам).

Со текот на времето, изразот го ублажиле, но значењето останало исто: ако сте „Филип“, екипажот нема многу трпение со вас – и можете да очекувате полоша услуга до крајот на летот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот