Стипе Мандалиниќ го продолжи договорот со Е. Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со еден од најдобрите играчи оваа сезона. Стипе Мандалиниќ кој ќе остане во Битола до јуни 2022 година.

На половина од неговата прва сезона во Битола, Мандалиниќ и клубот во перфектна согласност дојдоа до продолжување на соработката и за сезоната 2021/22.

Мандалиниќ се наметна со својот капацитет, квалитет и харизма и по шест официјални натпревари беше најдобар стрелец на Еурофарм Пелистер оваа есен. Одигра 21 натпревар за екипата и веднаш стана миленик на битолските љубители на ракометот. На Струшкиот турнир во август беше прогласен за најдобар ракометар.

28-годишниот хрватски интернационалец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Со хрватската репрезентација има бронза од Светското првенство во Шпанија во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот