Стил на неделата: Снежана Јовановска, претприемачка

Таа е жена за два века. Жена која многу придонесе за развојот на туризмот во Македонија, и која обучи цели генерации како треба да се работи. Жена која својата пасија за патувања ја претвори во бизнис. Аеродромите и хотелските соби низ светот се нејзин дом. Таа е борец за правда и жена која никогаш не се откажува. Камелеонка, феникс, неуништлива жена.

Секогаш насмеана и дотерана, со црвени нокти и црвен кармин, со високи потпетици, испеглана руса коса, црни очила и црни тесни, деколтирани фустани. Многу женствена, а истовремено многу силна. Нема да ја видите како позерка на социјалните мрежи. Снежана Јовановска е жена која секогаш ги уривала бариерите и стереотипите. Муза, инспирација и фрустрација за многу жени, ама и мажи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот