Стигна „зелено светло“ и од УЕФА – Исклучок за Барселона
По долгото исчекување, Барселона конечно се враќа на својот матичен стадион.
Препорачано
Фудбалскиот клуб Барселона овој викенд ќе игра на „Камп Ноу“ за првпат по 28 мај 2023 година. Голема вест и за клубот и за навивачите, кои ќе ги исполнат расположливите места на обновениот стадион во дуелот од Ла Лига против Атлетик Билбао. На трибините се очекуваат околу 45.000 гледачи.
По официјалната потврда дека стадионот е подготвен да прими публика, стигна и уште една важна информација – овој пат од УЕФА.
Европската фудбалска федерација направи исклучок и ѝ дозволи на Барселона да ги префрли своите европски натпревари назад на „Камп Ноу“. Каталонците досега ги играа домашните средби од Лигата на шампионите на Олимпискиот стадион „Монжуик“, но побараа дозвола од УЕФА поради доцнењето на градската дозвола за повторно отворање на нивниот стадион.
Со позитивниот одговор од Нион, Барселона на 9 декември ќе го одигра својот натпревар од ЛШ против Ајнтрахт Франкфурт на официјално „Спотифај Камп Ноу“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
59мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


