Стерјовски: Mногу суштински права на Македонците во Албанија и понатаму остануваат неостварени

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Васил Стерјивски, во интервју за весникот „Македонија“ од Канада, пред неговиот најавен престој во Канада по повод празникот Илинден, меѓу другото се задржува на клучните човекови и малцински права на Македонците во Албанија, кои и понатаму остануваат неостварени.

– И покрај формалното признавање, многу суштински права на Македонците во Албанија и понатаму остануваат неостварени. Најпрво, образованието на мајчин македонски јазик е дозволено само во Мала Преспа, додека во другите региони каде што живее македонско население како Голо Брдо, Гора и урбаните средини, тоа право не се спроведува, што директно придонесува за постепено губење на македонскиот јазик и идентитет, оценува Стерјовски.

Додава дека дополнително, административно-територијалната реформа од 2014 година негативно се одразила врз правата на Македонците во Гора и Голо Брдо, нагласувајќи дека со укинувањето на локалните општини, овие заедници останале без свои институции и механизми преку кои можат да ги штитат своите интереси и да влијаат врз локалниот развој.

-Клучно прашање е и недоволната застапеност на Македонците во институциите на системот, како на локално, така и на национално ниво. Сè уште недостигаат законски загарантирани квоти за политичко претставување на малцинствата во албанскиот Парламент, што е стандард во повеќе европски држави. Исто така, недостасува редовна програма на македонски јазик на албанската државна телевизија, што е важно за зачувување на јазикот, културата и информираноста на заедницата, посочува тој.

Според него, зачувувањето на македонскиот идентитет бара и континуирана поддршка од државните институции преку финансирање на културни манифестации, медиуми и здруженија на Македонците.

– Конечно, потребно е итно издвојување на посебен буџет од страна на албанската влада за развој на регионите населени со Македонци, кои веќе 35 години се системски запоставени. Без ваков пристап, нема да има реална економска и социјална рамноправност, констатира Стерјовски.

Весникот наведува дека Стерјовски на покана на организацијата „Обединети Македонци“, ќе биде специјален гостин на 67-от традиционален илинденски пикник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот